ЕБОЛА ПАНИКА: Кој ќе го организира Африканскиот куп на нации?
Фудбалот ќе мора да попушти пред паниката од ебола. Африканскиот куп на нации мора да бара нов домаќин откако Мароко се исплаши од опасниот вирус и организацијата на најголемото африканско фудбалско натпреварување.
Мароко се обратил до Конфедерацијата, со барање Купот да се одложи, но ваквото барање е одбиено, а повик за организација бил испратен до Гана и Јужноафриканската Република.
За нив се верува дека ја имаат потребната инфраструктура да го организираат турнирот во толку краток рок. Ако повикот го прифатат и двете земји, ќе се одржи ждребување за избор на домаќинот.
„Нашата загриженост е здравјето во Африка. Проблемот е во тоа што Мароко требаше да биде домаќин на меѓу 200 и 400 илјади навивачи, а ниту една африканска земја нема можности медицински да надгледува толку голем број луѓе“, вели мароканскиот министер за спорт Мохамед Узин.
Од ебола веќе починаа околу 4.500 луѓе и тоа најголем дел во земјите од западна Африка.
Слично
