Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕБОЛА: Како се шири вирусот, а како не?

ЕБОЛА: Како се шири вирусот, а како не?
Светската здравствена организација денеска објави соопштение со детали како се шири опасниот вирус ебола, а на кои начини не може да се пренесе. Иако вирусот е релативно непознат на европско и американско тло, сепак медицинските експерти се борат со оваа болест од првата епидемија пред 40 години. „Ништо не укажува на тоа дека еболата денес се шири поинаку отколку што тоа беше случај до сега“, вели Вилијам Шефнер, експерт за инфективни заболувања во Нешвил. Последната епидемија на ебола во западна Африка се шири веќе 10 месеци. до сега во Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија се заразени 7.470 луѓе, а починале 3.431 лице. Во овие земји здравствениот систем е во лоша состојба и само еден од пет заболени оди на лекување. Семејствата кои се грижат за заболе член во своите домови се во голем ризик од зараза. Еболата не се шири преку воздух, како грипот. Ако седите покрај заболен во автобус, не сте изложени на ризик од зараза. Но затоа еболата се шири преку близок и директен физички контакт со телесни течности на заразена личност - крв, измет и друго, се наведува во соопштението. Научниците кои во 2007 ја проучувале еболата во ?Уганда утврдиле дека ризикот да се заразите со допир, на пример ракување, е низок. Лекарите и медицинските сестри можат да добијат ебола од своите пациенти ако не носат ракавици, бидејќи вирусот може да влезе во телото преку ранички на нивната кожа. Многу луѓе се загрижени дека ќе се заразат со ебола, ако некој заболен кашла кон нив. Ова е случај со грипот, но не со еболата, појаснува СЗО. Човекот во тој случај би морал да вдиши инфективна доза од вирусот, што многу ретко се случува.
Слично

Поврзани вести