Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕБОЛА: 250.000 луѓе спасени со 2.300 долари

ЕБОЛА: 250.000 луѓе спасени со 2.300 долари
Додека се чека реакција на меѓународната заедница, Сиера Леоне вложува големи напори за да се сузбие ширењето на вирусот на ебола. Само еден регион во оваа африканска држава не е зафатен со опасниот вирус и се наоѓа во тешко доташен, планински предел во северниот дел на земјата. Регионот Коинадугу е најголем од 14-те дистрикти на Сиера Леоне, на границата со Гвинеја, и го населуваат 265.000 жители. Џон Колкер, извршен директор на непрофитната организација Фамбул Ток, вели дека во овој регион се чувствува многу безбедно. „Само тука имам чувство дека се ќе биде во ред, добивам некакво чувство на олеснување, што не е возможно во главниот град Фритаун и селата околу него“, вели Колкер. Мирот во оваа област не е случаен и е резултат на организирана акција која ја предводеше поединец, Момо Конте. Овој повратник од САД заедно со регионалната влада и локалните верски лидери организирал акција за делење на хлор за дезинфекција, како и илјадници гумени ракавици и маски за лице. Тој донирал 10 милиони леонски долари (2.300 американски долари) и најавил дека тоа ќе го прави секој месец, што се покажало доволно за досега да се спаси четврт милион население од смртоносниот вирус. Освен паричната помош, Конте инсистирал кај локалните власти да не чекаат помош однадвор, туку да се потпрат на самоорганизирање. „Морав да ги убедам, не сакам да ги кршам законите, немам право на тоа. Мило ми е што ги уважија моите идеи“, вели Конте. Тој пронашол решение и за своевидниот карантин во кој се наоѓа целата област, оформил фонд за помош и парични заеми, што било неопходно за населението кое не смее да оди во Фритаун стравувајќи од вирусот. Извесно е како еболата стигна во Сиера Леоне - заболен од ебола во Гвинеја го лекувал традиционален лекар, а преку крвта од заразениот вирусот се проширил затоа што на овие „сеанси“ учествувале и жители од соседната Сиера Леоне. Конте заради тоа им понудил пари и ги замолил локалните „врачеви“ да не се обидуваат да ги лекуваат евентуалните заболени од ебола.
Слично

Поврзани вести