Економија, финансии, бизнис

Контакт

EasyJet објави рекорден број на патници што се услужени ова лето

EasyJet објави рекорден број на патници што се услужени ова лето

Британската нискобуџетна компанија EasyJet забележа рекорден број услужени патници летово и прогнозира силни финансиски резултати на крајот на финансиската година, соопшти BBC.

Авиокомпанијата превезла 24,1 милиони патници во трите месеци до крајот на септември, водејќи сметка за 95,6% пополнети места. Превозникот очекува профитот на крајот на финансиската година, завршена на 30 септември, да е меѓу 405 и 410 милиони фунти, што одговара на позитивните предвидувања на компанијата.

"Тоа е добро претставување на еден брзо растечки пазар", коментира извршниот директор на Easyjet Каролин Маккол.

"EasyJet заврши годината со континуиран позитивен импулс, како забележа истовремено силно последно тромесечје и во целина многу подобро второ полугодие", додаде Маккол.

"Бројот на патниците и коефициентот на оптоварување во последниот квартал достигнаа нови рекорди, а профитот во втората половина на фискалната година е со над 100 милиони фунти, повисок во споредба со летото 2016 година.

Претходно овој месец авиокомпанијата соопшти дека ги поддржува плановите за развој на патнички авион, придвижуван од електрични батерии, наместо конвенционални авиодвигатели.

Се планира електричните авиони да можат да служат за кратки дестинации во следните 10-20 години.

Слично

Поврзани вести