E.ON ја продава филијалата во Италија
Енергетската групација E.ON, со седиште во Германија, одлучи да ја продаде својата италијанска филијала чија што вредност е проценета на над две милијарди евра.
Оваа филијала е петти по големина производител на електрична енергија во Италија, со 6,1 гигават капацитет, а слабата побарувачка на домашниот пазар и високото даночно оптеретување се главните мотиви за оваа одлука, пренесува Ројтерс повикувајќи се на пишувањата на германскиот весник Handelsblat.
Менаџментот на оваа индустриска групација се уште не ја коментира оваа информација.
Слично
