„Ѕвечка“ оружјето: Путин доби дозвола за интервенција во Украина, Кличко бара мобилизација!
На барање на рускиот претседател Владимир Путин, Горниот дом на рускиот Парламент одобри употреба на воена сила на украинска територија.
„По одлуката на Советот на федерацијата претседателот ги доби сите средства потребни за решавање на состојбата во смисла на употреба на воена сила и во смисла на носење одлуки за повлекување на челниците на нашата дипломатска мисија во САД“, најави портпаролот Дмитриј Песков.
Сепак, официјална Москва нагласува дека ниту една од овие одлуки не е донесена. Рускиот заменик-министер за надворешни работи Григориј Карасин вели дека иако одлуката за употреба на воена сила е донесена, тоа не значи дека интервенцијата ќе се случи набрзо.
„Согласноста која ја доби претседателот не значи дека тој тоа право веднаш ќе го искористи“, вели Карасин.
Меѓутоа ова не ја смирува Украина. Украинците во Киев се чини дека се подготвуваат за конфликт со соседот. Украинскиот опозициски лидер Виталиј Кличко повика на општа мобилизација во Украина.
„Парламентот од врховниот командант на украинските вооружени сили мора да побара прогласување општа мобилизација заради почетокот на руска агресија врз Украина“, рекол Кличко.
Најмалку 20 лица се повредени денеска на проруските протести што се одржаа во украинскиот град Харков. Демонстрантите со пароли „Русијо, помогни ни!“ и „Харков-Русија“ ја зазеле зградата на регионалната управа, каде што имало припадници на проевропски ориентираните власти.
Слично
