Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џорџ Сорос му предаде 25 милијарди долари на управување на синот Алекс

Џорџ Сорос му предаде 25 милијарди долари на управување на синот Алекс

Американскиот милијардер филантроп Џорџ Сорос му го предаде управувањето на својата финансиска и добротворна империја од 25 милијарди долари на својот син Алекс.

Финансиерот со унгарско потекло рече дека неговиот син тоа „го заслужил“, во интервју за Wall Street Journal.

Од 1990-тите, богатството на семејството е насочено, како што фондација се декларира, кон поддршка на градењето демократија во десетици земји.

Но, во последниве години, 92-годишниот поранешен менаџер стана цел на антисемитските заговори.

Портпаролот на Сорос за Би-Би-Си ги потврди деталите од интервјуто објавено во неделата.

Џорџ Сорос е и еден од најголемите донатори на Демократската партија на САД. Алекс, 37-годишен дипломец по историја, е втор најмлад од неговите пет деца.

Алекс е единствениот член на семејството кој се наоѓа во инвестицискиот комитет на Сорос Фонд Менаџмент, организација за која Волстрит журнал вели дека управува со 25 милијарди долари за семејството и добротворната фондација.

Алекс ја презеде функцијата претседател на Фондацијата Отворено општество (ОСФ) во декември и исто така е задолжен за „супер PAC“ на неговиот татко, американски механизам за насочување средства кон политичките партии.

Слично

Поврзани вести