Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џонсон: Таканаречената неодолива сила на воената машинерија на Путин се распадна

Џонсон: Таканаречената неодолива сила на воената машинерија на Путин се распадна

Украина ќе ја победи Русија и повторно ќе биде слободна земја, вели британскиот премиер Борис Џонсон. 

Тој најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра за Украина, вклучувајќи опрема за електронско војување и противбатериски радарски систем, и истакна дека Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина.

Тој оцени дека Украина „го уништи митот за непобедливоста на претседателот Владимир Путин“ во борбата против Русија.

„Таканаречената неодолива сила на воената машинерија на Путин се распадна на неподвижниот објект на украинскиот патриотизам и љубовта кон земјата“, порача Џонсон.

Русија на 24 февруари ја нападна Украина и војната се уште трае.

Слично

Поврзани вести