Џонсон: Лош мир во Украина - охрабрување на рускиот претседател
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Западот не треба да ја охрабрува Украина да се согласи на „лош“ компромис со Русија, нарекувајќи го „морално одвратно“.
- Поттикнување на лош мир во Украина значи да се охрабри рускиот претседател Владимир Путин и сите оние во светот кои мислат дека агресијата се исплати - рече Џонсон во говорот во Блекпул, северозападна Англија.
Дополни дека „тоа би било грешка и би ја отворило вратата за повеќе конфликти, повеќе нестабилност, поголема несигурност во светот и повеќе економски тешкотии“.
- Знам дека некои, не во оваа земја, туку на други места, веруваат дека цената на поддршката за Украинците сега е превисока и дека треба да се охрабрат да се согласат со она што го бара Путин. Да се напуштат Украинците би било морално одвратно - рече тој.
Путин „никогаш нема да може да ја потчини Украина и колку побрзо го сфати тоа, толку подобро, но не смее да му се дозволи да постигне делумен успех со голтање дел од земјата како што правеше претходно и прогласување прекин на огнот“.
