Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Џонсон контролс“ го тресе секс-скандал

„Џонсон контролс“ го тресе секс-скандал
Индустријата за автомобилски делови „Џонсон контролс“ го раскина договорот со консултантска фирма откако се открило дека извршниот директор на „Џонсон контролс“ Алекс Молинароли имал вонбрачна врска со една од шефиците на таа фирма. Според Блумберг, 55-годишниот Молинароли за врската со 45-годишната консултантка, психологот Кристиј Ајл, го известил и своето семејство. Но аферата стигнала и на суд кога Ајл побарала забрана за приближување за налутената сопруга на директорот. Компанијата на Ајл во Милвоки помагала на „Џонсон контролс“ во стратешките планови за развој и работела со автомобилскиот гигант со години. Од извршните директори во САД се почесто се бара поголема дисциплина, затоа што се верува дека тие со својот углед влијаат на имиџот на компанијата. „Брачното неверство не е нов феномен. Она што можеби е ново е чувството за помалку толеранција кога станува збор за неверство кое се одразува врз бизнис релациите. Мислам дека имаме одредена културна револуција во оваа насока“, вели Лери Хамермиш, професор по корпоративно право на Универзитетот во Делавер. Но, Молинароли засега ја задржува неговата функција во „Џонсон контролс“, фирмата која инвестира и во Македонија, а случајот се смета за затворен со прекинот на соработката со консултантската фирма. Ивршниот директор и неговата сопруга Петси, по 28 години брак поднеле барање за развод во јуни, а Ајл е веќе разведена од нејзиниот сопруг.
Слично

Поврзани вести