Џонсон: Ќе се погрижиме Путин да биде одговорен за неговите ужасни злосторства
Има малку работи што се порасипани отколку да се напаѓаат ранливите и оние без одбрана, напиша британскиот премиер Борис Џонсон на Твитер по рускиот напад на болница во градот Мариупол во Украина
Тој вели дека Велика Британија истражува како да обезбеди поголема поддршка за Украина во одбраната од воздушни напади.
„Ќе се погрижиме Путин да биде одговорен за неговите ужасни злосторства“, додаде Џонсон, кој на хаштагот на твитот додаде „Путин мора да не успее“.
Градскиот совет на Мариупол објави дека во денешното руско бомбардирање е уништена детската болница.
По нападот на болница во украинскиот град Мариупол, каде се повредени 17 луѓе, шефот на дипломатијата Дмитро Кулеба ги повика меѓународните партнери да и обезбедат авиони на Украина.
Претседателот Влодомир Зеленски го оквалификува рускиот воздушен напад како „ѕверство“.
Здравствена установа „никогаш не треба да биде цел“, изјави денескапортпаролот на ОН, Стефан Дужарик по рускиот воздушен напад врз детска болница во Украина.
