Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏОНСОН ЌЕ СЕ ОБРАТИ ПРЕД УКРАИНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ПОЗНАТО Е ШТО ЌЕ КАЖЕ - колкав пакет воена помош ќе најави

ЏОНСОН ЌЕ СЕ ОБРАТИ ПРЕД УКРАИНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ПОЗНАТО Е ШТО ЌЕ КАЖЕ - колкав пакет воена помош ќе најави

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска треба да се обрати пред украинскиот парламент преку видео врска.

Како што дознава Би-Би-Си, Џонсон ќе направи споредба меѓу одбраната на Украина од руската инвазија и одбраната на Велика Британија од нацистите во Втората светска војна. Тој ќе каже дека Британскиот парламент редовно се состанувал за време на Втората светска војна, исто како што тоа го правел и украинскиот парламент за време на руската инвазија.

„Британскиот народ тогаш покажа такво единство и решителност да се сеќава на тоа време на најголема опасност како нашиот најсветлен час. Ова е вашиот најсветлиот час, епско поглавје од вашата национална приказна што ќе се памети со генерации“, ќе рече Џонсон.

Се очекува Џонсон да објави нов пакет британска воена помош во вредност од 300 милиони фунти за Украина, кој ќе вклучува опрема за електронско војување, опрема што овозможува ноќно гледање, опрема што го блокира GPS сигналот ...

Слично

Поврзани вести