ЏОНСОН И ЏОНСОН ОФИЦИЈАЛНО ПОБАРА: Одобрете ја нашата вакцина итно, се дава само во една доза
Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ побара од Американската администрација за храна и
лекови да ја одобри нејзината вакцина
за итна употреба која се дава само
во една доза.
Барањето на компанијата следеше по извештајот на 29 јануари, во кој се наведува дека глобалното клиничко тестирање покажало дека ефективноста на оваа вакцина во спречување на инфекција со корона вирусот е 66 проценти.
Како ѓто наведува Ројтерс, вакцината со единечна доза може да ја забрза испораката и да ја поедностави кампањата за имунизација во САД.
За разлика од вакцините на Фајзер и Модерна, кои се даваат во две дози, вакцината на Џонсон и Џонсон не бара втора доза или транспорт на ниски температури.
По барањето на компанијата за регистрација на вакцини, на регулаторите ќе им треба време да ги анализираат податоците, а потоа ќе организираат состанок на советодавниот комитет.
САД имаат договор да купат 100 милиони дози од оваа вакцина за милијарда долари, со можност за набавка на уште 200 милиони дози.
Компанијата објави дека е подготвена да достави вакцини веднаш по одобрувањето, а планира да испорача една милијарда дози во 2021 година, кои би се произвеле во САД, Европа, Јужна Африка и Индија.
Вакцината користи аденовирус тип 26 за да се инјектира протрни на корона вирусот во клетките со цел да предизвика имунолошки одговор.
Tanjug/Johnson & Johnson via AP