Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џо Бајден: Се молам за Кејт Мидлтон

Џо Бајден: Се молам за Кејт Мидлтон

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека „се моли“ за закрепнување на принцезата Кејт, по објавата дека сопругата на наследникот на британскиот трон, принцот Вилијам, боледува од рак и почнала со хемотерапија.

Преку објава на социјалната мрежа Х, американскиот претседател вели дека заедно со сопругата Џил им се придружува на „милиони луѓе ширум светот во молитвата за закрепнување на принцезата Кејт“.

Принцезата од Велс беше подложена на операција на стомакот во јануари. Палатата тогаш не даде никакви други информации, велејќи дека тоа е планирана операција, не споменувајќи дека случајот е поврзан со рак.

Во нејзината видео порака емитувана во петокот, Кејт рече дека тестовите направени по операцијата откриле присуство на рак. Кејт почнала со хемотерапија на крајот на февруари.


Слично

Поврзани вести