Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џо Бајден повторно е позитивен на ковид

Џо Бајден повторно е позитивен на ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден повторно е позитивен на коронавирусот. 

Тестирањето е направено вчера, но и понатаму се чувствува добро. Детали за здравствената состојба на Бајден даде неговиот лекар Кевин О’Конор. Бајден продолжува да се изолира во Белата куќа.

О’Конор  кажа дека претседателот е внимателен да ги заштити вработените во Белата куќа, безбедносните агенти на Тајната служба и другите кои треба да бидат во релативно близок контакт со него.

Откако неколку дена беше негативен, Бајден повторно доби позитивен тест на вирусот, што О’Конор рече дека се случува кај „мал процент на пациенти“ на кои им бил препишан лекот Паксловид за да ја лекуваат нивната прва инфекција на коронавирус.

Слично

Поврзани вести