Џо Бајден ја покани Македонија на Самитот за демократија, но не и Унгарија и Турција
Американскиот претседател Џо Бајден ќе го одржи првиот Самит на демократијата, што го најави претходно оваа година. Поканетите земји, претставници на граѓанското општество и приватниот сектор виртуелно ќе разговараат за зајакнување на демократијата, борбата против авторитаризмот и корупцијата и консолидација на почитувањето на човековите права.
Списокот, објавен од американскиот Стејт департмент, вклучува 110 поканети земји, вклучувајќи ги сите членки на ЕУ, освен Унгарија, потоа Србија, Косово, Македонија и Црна Гора (но не и БиХ) и голем број други земји, вклучително и Ирак.
Меѓу поканетите е и Тајван, кој Кина го смета за дел од својата територија и остро реагираше, велејќи дека поканата за островот е „доказ дека демократијата за САД е изговор и алатка за постигнување геополитички цели“.
Освек Кина не е поканета на самитот ниту Русија, ниту пак Турција. Вториот самит за демократија сака да го организира Бајден во живо следната година.
