Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѕирнаа во животот на кралот, сега сакаат уште!

Ѕирнаа во животот на кралот, сега сакаат уште!
Американскиот претседател Барак Обама минатата недела ја посети Саудиска Арабија каде што се сретна со саудискиот крал Абдула. При посетата го придружуваа и повеќе американски новинари. Иако обезбедувањето на кралот Абдула најпрвин не им дозволувало пристап на новинарите, сепак на крајкот им било дозволено да ги снимаат првите 30 секунди од билатералната средба. Но, и тоа беше доволно. Фотографиите, кои како молња се раширија на Твитер, на Саудијците им открија детали од животот на нивното кралско семејство што тие досега не ги знаеја. Така, од фотографиите тие дознале дека кралската палата навистина е полна со златни декоративни елементи, но и дека нивниот крал, кој е на возраст од 90-тина години, дише со помош на боца со кислород. Сите овие детали досега беа непознати за жителите на Саудиска Арабија. Иако дел од нив го критикуваат овој увид во животот на монархот, повеќето посакуваат уште повеќе фотографии за конечно да научат нешто повеќе за кралското семејство за кое добиваат оскудни информации.  
Слично

Поврзани вести