ЏИНПИНГ: Никој не може да го спречи „повторното обединување“ на Кина со Тајван
Претседателот на Кина, Си Џинпинг во својот новогодишен говор изјави дека никој не може да го спречи „повторното обединување“ на Кина со Тајван.
Пекинг лани го засили воениот притисок во близина на Тајван, испраќајќи воени бродови и авиони речиси секојдневно во водите и воздушниот простор околу островот.
Кина го смета Тајван за своја територија. Владата на Тајван, сепак, ги отфрла тврдењата на Пекинг и вели дека само нејзиниот народ може да одлучи за нивната иднина и дека Пекинг треба да го почитува изборот на тајванскиот народ.
„Луѓето од двете страни на Тајванскиот Теснец се едно семејство. Никој не може да ги раскине нашите семејни врски и никој не може да го запре историскиот тренд на национално обединување“, рече претседателот на Кина.
Лани Кси изјави дека „повторното обединување“ на Кина со Тајван е неизбежно и дека луѓето од двете страни „треба да бидат врзани со заедничко чувство за цел и да учествуваат во славата на подмладувањето на кинеската нација“.
