ЏИНПИНГ И БЛИНКЕН СЕ СРЕТНАА: Добро е што Кина и САД постигнаа договори за одредени прашања
Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави денеска за време на неговата средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека „многу е добро“ што двете страни постигнале одреден напредок и постигнале договори за одредени прашања.
Сепак, како што пренесува Би-би-си, тој не објаснил за што зборува, па не е јасно на што конкретно мислел.
Ова беше објавено во двеминутното видео од средбата, објавено од кинеските државни медиуми.
Единствените договори објавени досега за време на посетата на Блинкен на Пекинг се плановите за патување на кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг во САД, како и повеќе летови и културни размени меѓу двете земји.
IN PICTURES: Xi Jinping hosts Antony Blinken for talks in Beijing, capping two days of high-level discussions between the US secretary of state and Chinese officials https://t.co/EUxbEmmusM pic.twitter.com/Jaj9coz3eZ
— CNA (@ChannelNewsAsia) June 19, 2023
Кси, исто така, ги опиша вчерашните состаноци на Блинкен со највисоките претставници на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Ји и Чин како „искрени и длабоки“.
Кинескиот претседател рече дека се надева оти Блинкен ќе даде „попозитивен придонес“ за стабилизирање на кинеско-американските односи.
„Односите меѓу двете земји треба да се засноваат на взаемно почитување и чесност. Се надевам дека господине Блинкен, ќе дадете попозитивен придонес за стабилизација на кинеско-американските односи за време на вашата посета“, рече Кси.
Блинкен сè уште не зборувал.
Досега се појави видео од средбата на Кси и Блинкен во Големата сала на народот во Пекинг.
„Кинеската страна јасно ја претстави својата позиција и двете страни се согласија да го следат заедничкото разбирање што претседателот Бајден и јас го постигнавме на Бали“, рече Кси, мислејќи на состанокот на самитот на Г20 во ноември минатата година.
Во меѓувреме, средбата на Блинкен и Си заврши.
Фото: Принтскрин/Твитер