Џиновски куфер на Louis Vuitton го попречи Црвениот плоштад
Џиновски куфер на брендот Louis Vuitton го попречи Црвениот плоштад токму во деновите околу Нова година и Божиќ , кој Русите слават на 7 јануари .
Многумина се прашуваа што точно е тоа , пред да сфатат дека станува збор за павилјон со изложбата L'Ame du Voyage ("Душата на патувањето " ) , која ќе трае од 2 декември до 19 јануари. Внатре е претставена историјата на компанијата и презимето Витон , како и развојот на дизајнот на куфери и торби , откако во 1854г . Louis Vuitton смислил нешто удобно за патниците.
Но, реакциите на Русите за овој настан најверојатно ќе ги изненадат непријатно организаторите .
Пратеници во Државната дума и членови на Јавната комора побараа да се провери врз основа на што е дозволено оваа конструкција да се крене во срцето на Москва . " Ковчегот " го нарушува архитектонски изглед на Црвениот плоштад , тврди пратеникот од владејачката партија Александар Сидякин .
Едни Руси се навредени од тоа дека " куферот " е украсен со националното знаме. Други се шегуваат дека "Некој во Кремљ ги затегнува куферите " и ќе ја извезува државната каса. Трети се чувствуваат навредени , дека се прави навестување по повод 25-годишнината од преземањето на советските војски од Авганистан (15 февруари 1989). Четвртини не го одобруваат трансформирањето на иконските места во рекламна површина.
Но, има и мислења дека павиљонотт личи на " арка со затворач " или на мавзолејот на Путин. Иако навредените кои ја прават таа споредба , забораваат дека на Црвениот плоштад веќе има мавзолеј ( на Ленин ) и гробишта ( на лидери и херои на СССР ) .
Слично
