Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џим Роџерс: Бернаке води лоша економска политика за САД

Џим Роџерс: Бернаке води лоша економска политика за САД
Популарниот американски инвеститор и аналитичар Џим Роџерс ја нападна остро тековната политика на Федералните резерви во интервју за „GoldMoney“, истакнувајќи дека претседателот на централната банка на САД, Бен Бернанке како што рече, нема да сака да биде во близина кога ќе се покажат резултатите од квантитативните олеснувања. „Не знам дали има некаков план за излез од ситуацијата. Дури и ако сега ФЕД ја прекине моменталната политика, тоа ќе предизвика многу последици на пазарот - големи превирања и немири, а можеби дури и хаос. Единствениот план за излез, за кој Бернанке зборува, е можноста да се остави проблемот да созрее. Тоа звучи одлично, но не е многу практично “, вели инвеститорот. Роџерс вели дека печатењето на пари од ФЕД и централните банки на Јапонија и Англија ќе продолжи да функционира, додека балонот не пукна и не започне дефлација, иако според него една ваква перспектива засега е далечна. Инвеститорот исто така потсети на повеќемесечните предупредувања дека цената на златото ќе прекине со својот 12-годишен раст. Тој коментира дека ненормалниот подем на цената на благородните метали е завршена, што се случи дури и предоцна.
Слично

Поврзани вести