Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џихадистите во Европа-се побројни и помлади, жените уриваат рекорди

Џихадистите во Европа-се побројни и помлади, жените уриваат рекорди

Се повеќе и се помлади лица стануваат џихадисти во Европа, според извештајот на Европол. Во изминатата година се уапсени 718 лица - двојно повеќе отколку пред две години. Од нив над 400 се уапсени во Франција.

Од Европската полициска агенција велат дека речиси една третина од радикалните исламисти се под 25-години. Постои и уште еден тренд - зголемување на бројот на жените во редовите на џихадисти. Во исто време се зголемува бројот на терористичките закани, извршени од екстремно десничарски и крајно левичарски организации. Европол предупредува дека една од главните закани е можноста терористите да користат експлозиви, понесени од дронове, слично на веќе наметнатата пракса во Сирија и Ирак .

Групи како „Исламска држава“, пак, продолжуваат успешно да врбуваат нови следбеници преку социјалните мрежи. Во изминатата година на Стариот континент се извршени 143 терористички напади.

Џихадистите во Европа - се повеќе и повеќе млади


Слично

Поврзани вести