Џихадистите погубија уште еден либански војник
Припадниците на „Исламската држава“ вчера на Твитер објавија снимки на кои се гледа како џихадистите погубиле уште еден либански војник, кој бил затворен заедно со 19 војници во текот на офанзивата на џихадистите на пограничниот град Ерсал.
Исламската група „Исламската држава“ наведува дека погубениот е Абас Медлиџ, кој бил во групата на киднапираните војници.
Либанската војска покренала истрага за да ја провери оваа информација, пренесува АФП.
Кон крајот на август припадниците на „Исламската држава“ објавија на интернет видео-снимка прикажува како им ја отсекле главата на либанскиот војник, додека девет војници молеле за помош.
Заробените војници апелирале на членовите од нивните семејства да бараат ослободување на исламистичките затвореници.
Џихадистите од „Исламската држава“ ја превземаа контролата на либанскиот град Ерсал и после пет дена се повлекле во планинската област, киднапирајќи девет војници.
