Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џихадистите на Европско тло: Норвешка добила конкретни закани!

Џихадистите на Европско тло: Норвешка добила конкретни закани!

Неодамна откако исламските фундаменталисти на подрачјето на Ирак и Сирија над кои ја превземаа контролата и прогласија калифат, низ светот почна да се шири нервоза поради овие немилосрдни здруженија која ги влече корените од Ал Каеда.

Допрва почнаа да пристигаат информации за засилените мерки на безбедност на бројни аеродроми, со оглед на практиката на Ал Каеда да надвор од „својот“ терен напаѓа авиони, а во четвртокот норвешките сигурносни служби наишле на „конкретна закана“ за теросристички напад на оваа богата нафтена држава, пренесуваат хрватски медиуми.

Иако тврдат дека заканата е конкретна, норвешките известувачи не се многу конкретни за тоа. Велат дека се работи за личности кои се поврзани со џихадистите во Сирија.

Шефицата на известувачката служба ПСТ Бенедикте Бјоернланд вели дека нејзината агенција примила тајни информации „од странски партнер за можен напад во следните неколку дена“!

„Немаме податок за можната мета“, признала таа и напоменала дека во ПСТ во минатиот месец откриле дека 50 лица од Норвешка отпатувале за Сирија како би се бореле на страната на исламистите против режимот на Бшар ал Асад, и дека нивната соработка во меѓувреме се вратила во таа скандинавска земја.

Норвешка е позната како мирна земја, но пред неколку година го вкуси стравот на терористички напад кога Андрес Бехринг Бревик убил 77, а повредил дури 319 лица во центарор на Осло т.е на блискиот остров каде собир имала младината на тогашната владеачка странка.

Слично

Поврзани вести