Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏИХАДИСТИТЕ ИЗВРШИЈА НАПАД: Загинаа 18 луѓе, бројот на повредени е голем

ЏИХАДИСТИТЕ ИЗВРШИЈА НАПАД: Загинаа 18 луѓе, бројот на повредени е голем

Во напад на џихадисти од Боко харам во градот Мидугури, во североисточна Нигерија, загинаа најмалку 18 лица, а повредени се 84, објави денеска локалната агенција за управување со итни случаи СЕМА.

„Досега евидентиравме 18 жртви во две населби“- изјавил Бело Дамбато, шеф на СЕМА задолжен за евакуација. 

Тој кажал дека луѓето се убиени додека бегале од вкрстениот оган на бунтовниците и војниците.

„Сега одиме во друга приградска област, каде што војската уби двајца бомбаши самоубијци пред тие да успеат да ги активираат појасите со експлозив“- рекол тој.

Нападот се случил во неделата околу 21.30 часот по локално време, при што дошло до вооружен судир меѓу војската и членовите на џихадистичката група кој траел скоро еден час. Информацијата е од воени извори според кои меѓу бунтовниците имало најмалку седум бомбаши самоубијци.

Слично

Поврзани вести