Џихадистите го бомбардираат сириско-турскиот граничен премин
Џихадистите на Исламската држава (ИС) почнаа денеска да го бомбардираат сирискиот граничен премин со Турција, во обид да го завземат и така да го заобиколат стратешки важниот сириски град Кобане, со мнозински курдски граѓани, објавија локалните курдски претставници Идрис Насан и сириските активисти.
Насан рекол дека борците на ИС се обидуваат да ја превземат контролата над граничниот премин за да ги заобиколат курдските борци кои го брант Кобан и да спречат некој да го напути или влезе во тој град, пренесуваат агенциите.
Сириската опсерваторија за човечки права, со седиште во Лондон, соопшти дека џихадистите денеска бомбардирале повеќе делови од Кобане, вклучувајќи го граничниот премин, кој претставува единствен линк (врска) на тој град со Турција.
Според податоците на Опсерваторијата, досега во борбите за Кобане загинале повеќе од 500 лица.
Борците на ИС оваа недела влегле во Кобане по прв пат откако во средината на септември ја покренаа офанзивата.
Коалицијата предводена од американската војска ги зголемила воздушните напади на положбата на екстремистите на ИС во Кобане, а истовремно на улиците на градот се водат борби помеѓу курдските сили и џихадистите кои, наводно го зголемиле своето присуство.
Тие успеале да завземат третина од градот населен претежно со Курди, но курските претставници тоа го демантираат, тврдејќи дека нивните сили ја повратиле контролата над неколку градски облсти.
„Можам да потврдам дека тие не контролираат третина од градот. Станува збор за мал дел од Кобане под контрола на ИС“, рекол Насан.
