Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏИХАДИСТ ИЛИ НЕ: Детали за напаѓачот од Германија

ЏИХАДИСТ ИЛИ НЕ: Детали за напаѓачот од Германија

Две лица загинаа во германскиот град Минстер откако комбе вчера удри во толпа луѓе. 

Возачот на возилото, кој не е официјално идентификуван, се самоубил на самото место.

Околу 20 лица се повредени, од кои шестмина сериозно: Инцидентот се случил во стариот дел на градот.

Властите велат дека нема индиции дека се работи за напад зад кои стои исламистичка група.

Државниот министер за внатрешни работи, Хербет Руел, изјави дека истрагата во моментов е уверена дека сторителот е германски државјанин.

Германските власти веруваат дека инцидентот во Мунстер, каде комбе влета во група луѓе, не е терористички напад и дека возачот имал психички проблеми, објави весникот „Зидојче цајтунг“.

Наводно возачот бил средовечен Германец со психијатриска дијагноза. „Зидојче цајтунг“ наведува дека е претресен станот на осомничениот во потрага по екплозив.

Надлежните органи засега не ги соопштија мотивите за нападот. Според информации од полицијата во возилото е пронајден сомнителен предмет, но нема детали за што станува збор. Се претпоставува дека возачот имал соученици кои побегнале. 

Слично

Поврзани вести