Џером Ханон ја преживеа втората трансплантација и доби ново лице
Првиот човек во светот кој имаше две трансплантации на лице вели дека се чувствува добро, три месеци по неговата последна операција.
Џером Ханом своето прво трансплантирано лице го отрастрани минатата година по знаци на одбивање откако имаше третман со некомпатибилен антибиотик за време на на настинка.
43-годишниот Џером остана во болница во Париз без лице два месеци додека се бараше компатибилен донатор.
Тој изјави: „Првото лице го прифатив веднаш, овој пат тоа е исто".
Г-дин Хамон страда од неврофиброматоза тип 1, генетска состојба која предизвика сериозни тумори на лицето, кои го деформираат.
Неговата прва трансплантација, во 2010 година, беше успешна, но тој настина во 2015 година и мораше да пие антибиотици. Лекот не бил компатибилен со имуносупресивниот третман и телото не го прифатило лицето.
Првите знаци на отфрлање се појавиле во 2016 година и во ноември минатата година, па лицето со некроза, мораше да се отстрани.
Медимуите го викаат „човекот со три лица„. Тој сега закрепнува во болница и се надева дека ќе го прифати новото лице.
Некогаш знае да се пошегува велејќи:
„Јас имам 43 години, а мојот донор 22, што значи повторно имам 22 години.“

извор и фото: BBC news
