„ЏЕНТЛМЕНСКИ ДОГОВОР“: ЕУ има план со кој ќе дозволи одложување на Брегзит, но со строги услови
Европската унија се подготвува да и излезе пресрет на Тереза Меј и да и понуди на Британија долго одложување на Брегзит со строги услови, вклучувајќи задолжително учество во гласањето на изборите за Европскиот парламент и можен „џентлменски договор“ за идното однесување на Британија додека биде членка на Унијата.
Со вонредниот самит на лидерите на ЕУ за Брегзит, кој е планиран за наредната среда - два дена пред плaновите кои ги составуваат дипломати и претставници за да се носат со целата непредвидлива влада и парламент на Велика Британија. Мерките кои се разгледуваат во Брисел подразбираат ЕУ да го одложи Брегзит до јануари или април 2020 година.
Меј и понатаму се надева дека ќе добие краткотрајно одложување со кое би избегнала учество на изборите на ЕП. По седумчасовниот состанок на владата, таа рекла дека ќе бара уште едно продолжување, но дека ќе и биде потребно само за кратко, доколку нејзиниот договор за Брегзит го усвои парламентот. Договорот кој го прифаќа ЕУ, е одбиен три пати од парламентот.
Исто така таа рекла дека ќе се обиде да најде решение во разговорот со лидерот на опозицијата Џереми Корбин.
Се претпоставува дека Меј со Корбин би можела да се обиде да договори опција на „помек Брегзит“, значи некои опции на царинската унија кои што лабуристите претхдно ги заговараа.
Доколку тој договор не успее, тогаш Меј планира да излезе пред парламентот со пониска опција за Брегзит и да ја поддржи онаа која добие најмногу гласови.
За се е потребно повеќе време отколку што таа има до 12 април.
Тогаш премиерката би барала, излегувањето да се одложи, а Британија да не распишува избори за Европскиот парламент. Меј тврди дека тоа е можно да се случи до 22 мај, два дена пред почетокот на изборите.
Големото прашање е дали ЕУ е подготвена на тој ризик. Ако Обединетото кралство остане членка, а не спроведе избори за ЕП, тогаш е можно да се доведе во прашање легалноста на било која одлука на тоој парламент и тела кои на основа на резултатот на изборите се конституираат. Што би значело блокада на работата на ЕУ.
