Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џејкоб Лу: САД ќе банкротираат!

Џејкоб Лу: САД ќе банкротираат!
По 17 октомври, Владата на САД нема да биде во состојба нормално да ги подмири своите обврски, имајќи ја предвид постоечката горна граница на јавниот долг, предупреди денеска американскиот министер за финансии Џејкоб Лу. Во обраќање пред Конгресот, тој рече дека по повеќемесечно „жонглирање со потрошувачката, поради исполнување на владините обврски без дополнително задолжување, овие вонредни мерки до тој датум ќе бидат исцрпени“, што ќе го остави Министерството за финансии со само 30 милијарди долари во кеш. - Овој износ ќе биде далеку помал од нето расходите во одредени денови, кои би можеле да достигнат дури 60 милијарди долари. Ако немаме доволно пари во раце, ќе биде невозможно, по првпат во историјата, САД да ги исполнат своите обврски - рече Лу. Тој го повика Претставничкиот дом да ја зголеми законската горна граница на јавниот долг, која во мај е одредена на 16.700 милијарди долари.  
Слично

Поврзани вести