Џеј Ди Венс вели дека кавгата со Зеленски сепак беше корисна
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави(САД), Џ. Д. Венс, изјави дека конфронтацијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што се одржа во Овалната соба на Белата куќа во февруари, беше „корисна за американскиот народ“.
Тој потсети дека постојат голем број заеднички интереси меѓу Вашингтон и Киев, но и одредени несогласувања. Венс особено ја критикуваше политиката на администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, истакнувајќи дека за време на неговиот мандат, неколку милијарди долари биле испратени во Украина „без вистинска цел и без вистинска дипломатија“.
„Бајден немаше план да го заврши конфликтот. Украина стана бездна во која Америка фрлаше пари по секој проблем, без конкретно решение“, нагласи Венс.
Медиумите потсетуваат на инцидентот во Белата куќа се случи на 28 февруари за време на
средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски. Во присуство на новинари,
размената на мислења се претвори во отворена расправија.
