Џеј Ди Венс доби син: Прво бебе за актуелeн потпретседател на САД по 156 години
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и неговата сопруга Уша, го пречекаа своето четврто дете, момче по име Алек Нил. Ова е прв пат по век и пол актуелен потпретседател на САД да стане татко додека е на функција.
Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша ја објавија среќната вест за дополнувањето на семејството на социјалните мрежи, истакнувајќи дека мајката и бебето се целосно здрави. Браќата и сестрите на момчето, Јуан, Вивек и Мирабел, беа најсреќни за момчето.
Раѓањето на дете на самиот врв на американската администрација е исклучително редок настан. Последниот пат кога актуелен потпретседател стана татко беше во 1870 година, кога Шујлер и Елен Вејд Колфакс добија син. Венс, поранешен маринец и сенатор од Охајо, ја изгради својата политичка кариера од 2021 година предупредувајќи за намалувањето на стапката на наталитет, а на неодамнешниот протест против абортусот јасно стави до знаење дека сака да види „повеќе бебиња во Америка“.
CONGRATULATIONS! VP JD Vance & Usha Welcome Baby Boy #4 — Alec Neel Vance!
— And We Know (@andweknow) July 19, 2026
“We are excited to announce our baby boy was born this morning. Usha and baby are happy and healthy!”
The entire family is overjoyed. Special thanks to the outstanding military doctors at Walter… pic.twitter.com/YNHsG7leI0
Уша Венс, ќерка на имигранти од Индија, редовно го привлекува вниманието на американската јавност со своите ангажмани и појавувања. Нејзината бременост е под микроскоп на јавноста уште од нејзиното објавување во јануари, а неодамна се најде на мета на моден критичар на „Њујорк тајмс“ поради тесниот фустан за трудници што го носеше во својот видео подкаст.
Интересно е да се напомене дека Уша и сите нејзини деца редовно го придружуваат нејзиниот сопруг на странски патувања, па затоа веќе е вообичаена глетка да се видат деца во пижами како се качуваат во официјалниот авион на „Ер Форс Ту“ среде ноќ. Патем, раѓањето на малиот Алек Нил е дел од поширок „бејби бум“ во администрацијата на Доналд Трамп. Слични вести беа објавени во мај и од портпаролката на Белата куќа Каролина Ливит и семејството на заменик-шефот на Генералштабот, Стивен Милер.
Фото: Принтскрин/Икс
