Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Aмериканските трупи ќе интервенираат во странство само ако има јасни цели

ЏЕЈ ДИ ВЕНС: Aмериканските трупи ќе интервенираат во странство само ако има јасни цели

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, им порача на дипломираните студенти на Поморската академија во Анаполис дека претседателот Доналд Трамп работи на тоа да обезбеди американските трупи да интервенираат во странство само ако има јасни цели, наместо да влегуваат, како во минатото, во „недефинирани мисии“ и „конфликти со отворен крај“.

Венс прецизираше дека пристапот на Трамп „не значи дека ги игнорираме заканите, туку значи дека им пристапуваме на дисциплиниран начин, па ако веќе ве испраќаме во војна, тогаш го правиме тоа имајќи предвид многу дефинирани цели“.

Венс рече дека под водство на Трамп ќе има брзи напади како оној во Јемен, во случајот со бунтовничкото движење Хути.

„Така треба да се користи воената моќ. Решително и со јасна цел“, вели Венс. 

Инаку, Трамп претходно се закануваше дека ако треба ќе употреби и сила за преземање на Гренланд. Тој сака да го спои островот затоа што вели дека е потребен за националната безбедноста на САД. 

Слично

Поврзани вести