Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏЕФ БЕЗОС СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО НА АМАЗОН: Лојалниот Енди Џеси е новиот извршен директор на компанијата

ЏЕФ БЕЗОС СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО НА АМАЗОН: Лојалниот Енди Џеси е новиот извршен директор на компанијата

Џеф Безос со СМС порака им соопшти на вработените во Амазон дека се повлекува од функцијата извршен директор и дека оваа позиција ја презема Енди Џеси. Тој кусо напишал:

-Возбуден сум што објавувам дека Енди Џеси ќе стане новиот извршен директор. Имам намера да ги насочам енергијата и вниманието кон нови производи и иницијативи.

Безос ја основаше „Амазон“ во 1994 година и оттогаш ја претвори од е-книжарница во мега продавница за малопродажба преку Интернет која продава и доставува секаков вид производи ширум светот. Во јануари минатата година, „Амазон“ ја надмина пазарната вредност од една милијарда долари под водство на Безос. Сега вреди повеќе од 1,6 милијарди долари.

Нов извршен директор на Амазон, Eнди Џеси, е и актуелен директор на Amazon Web Services. Тој е еден од првите вработени во компанијата и неговата работа во Amazon е цврсто поврзана со AWS, односно тој има значителна улога во развојот на Amazon Web Services.

Роден е на 13 јануари 1968 година. Високото образование го завршил на Харвард, а во компанијата е од 1997 година. Започнува како маркетинг менаџер, а во 2003 со тим од 57 вработени ги основа Amazon Web Services. На директорското место во AWS е од 2016 година. Надвор од компанијата, Енди Џеси е еден од сопствениците на хокеј тимот Seattle Kraken кој се натпреварува во NHL.


Слично

Поврзани вести