Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамиите во Египет смеат да ги палат климите само по 15 мај

Џамиите во Египет смеат да ги палат климите само по 15 мај
Египетскиот министер задолжен за верски институции, Мохамед Моктар Гома, им наредил на сите џамии да не ги вклучуваат клима уредите пред 15 мај. Наредбата наложува, по тој ден да ги користат уредите за разладување само во текот на периодот за молитви, како и пола час пред и по повикот за молитва, пренесува Ројтерс. Министерот исто така ветил дека во сите џамии во кои нема струјомери истите ќе бидат поставени. Големи рестрикции на струја ова лето се очекуваат во Египет, затоа што прекумерната употреба на уредите за разладување го оптеретуваат капацитетот на електричната мрежа. Египет веќе забрани увоз на клими кои можат да бидат наместени на температура под 20 степени целзјусови.
Слично

Поврзани вести