ЏАМАЛА ЗБОРУВАШЕ ЗА 240.000 ДЕПОРТИРАНИ ТАТАРИ: Со што друго ја налути Русија?
Ширела дезинформации за руската армија, поради што Русија издаде потерница по украинската пејачка Сузана Џамаладинова, која победи на Евровизија во 2016 година.
Независниот портал Медиазона објави дека Џамаладинова е обвинета врз основа на закон усвоен лани со кој се криминализира „намерното дистрибуирање на лажни информации“ за операциите на руските вооружени сили во странство. Сузана, чие уметничко име е Џамала, е со татарски потекло, од Крим. На Евровизија, таа ја изведе песната „1944“, а таа година Советскиот Сојуз масовно ги депортира Кримските Татари.
Две години пред нејзината победа, Русија го анектира Крим, кој се смета за нелегален во повеќето земји во светот. Иако Русија и Советскиот Сојуз не се директно спомнати во текстот на песната, Русија протестираше поради тоа што песната на пејачката е дозволена на натпреварот, велејќи дека таа наводно го прекршила правилото што не дозволува политички контекст во песните на Евровизија.
Џамала тогаш истакна дека била инспирирана од сеќавањата на нејзината прабаба која била депортирана од полуостровот со нејзините пет деца во 1944 година, заедно со 240.000 други Татари.
Пејачката заплака за време на нејзината победа на националното финале, каде настапи во традиционална татарска облека.
Иако нејзината песна не зборува директно за анексијата на Крим во 2014 година, Џамаладинова, чие уметничко име е Џамала, не остави никого во сомнеж. Текстот гласеше:
Кога доаѓаат странци, тие доаѓаат кај вас дома.
Сите ве убиваат, велат тие
Не сме ние виновни.
Дури и тогаш, руски официјални лица и некои кримски политичари се пожалија дека песната наводно ја омаловажува Русија. Сепак, организаторите со седиште во Женева оценија дека песната не е во спротивност со правилата што забрануваат политички говор.
„Музичарите треба да ги изразуваат своите емоции и вистински чувства, а не да пеат бесмислени зборови кои постојано ги слушаме“, изјавила Џамаладинова подоцна во Стокхолм.
Во интервју за АФП во февруари, таа рече дека сака луѓето да ја слушнат песната „во состојба на беспомошност“ откако „Русија ѝ ја одзеде земјата“.
„Тешко ми беше повторно да се сетам на сето тоа, но сфатив дека е потребно. Сега Кримските Татари се очајни и им треба поддршка“, истакна таа пред неколку години.
Инаку, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров рече дека војната со Русија почна пред многу години, затоа што и тој е Татарин и потекнува од Крим.Принтскрин Јутјуб
