ДВОЈНО ПОГОЛЕМИ БРОЈКИ НА НОВИ ИНФЕКЦИИ И 25.000 СМРТНИ СЛУЧАИ МИНАТАТА НЕДЕЛА: Омикрон е висока закана во Источна Европа, алармира Клуге
Нов бран на инфекции со варијантата омикрон се движи кон источна Европа,
соопшти денеска Светската здравствена организација, повикувајќи ги властите да
ја подобрат вакцинацијата и другите мерки.
-Во текот на изминатите две недели, случаите на Ковид 19 се повеќе од двојно зголемени во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија и Украина, изјави во соопштение регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, пренесува Ројтерс.
Коментарите доаѓаат во време кога неколку европски земји, вклучително и Чешка и Полска, навестија олеснување на ограничувањата за следниот месец, доколку дневниот број на инфекции продолжи да паѓа.
СЗО, сепак, ја нагласи континуираната потреба од мерки како што се брзо тестирање и носење маски, велејќи дека досега се регистрирани над 165 милиони случаи на СОВИД-19 низ европскиот регион, со 25.000 смртни случаи во изминатата недела.
-Соочени со бранот на Омикрон и со тоа што Делта сè уште циркулира широко на исток, оваа загрижувачка ситуација не е момент за укинување на мерките за кои знаеме дека успешно функционираат во намалувањето на ширењето на корона вирусот, рече Клуге.
Тој, исто така, ги повика владите да ги испитаат локалните причини за ниските стапки на вакцинација.
-Помалку од 40 отсто од оние на возраст над 60 години во Босна и Херцеговина, Бугарија, Киргистан, Украина и Узбекистан завршиле со својата серија вакцини за Ковид-19, рече тој.
