Двојка живее во камп приколка - кои се предностите?
Двојка се откажа од луксузна куќа за да живее во камп приколка.
Поради скапите домови и високите кирии, многумина бараат алтернативни решенија за домување. Еден пар покажа како успеал да ги сведе трошоците на минимум со живеење во камп приколка и шатор, пишува „Сан“. Тие уредиле пријатна дневна соба со телевизор, софа и декоративни ламби. Исто така, има фрижидер и дополнителен простор за складирање облека и чевли.
„Нашиот живот е всушност постојано кампување. Постојано живееме во камп приколката и работиме од таму, а патуваме секогаш кога имаме слободни денови. Живееме во камп приколката речиси четири години. Да не ни се допаѓаше, сигурно немаше да бидеме тука“, раскажале тие.
Иако многумина се грижат за хипотеки и сметки, тие не плаќаат кирија, вода или струја бидејќи работат како надзорници на кампови. Трошат околу 200 фунти годишно за бензин, односно околу 235 евра.
„Можеме да останеме тука преку целата година. Подобро да имаме ниски сметки и да одиме на одмор шестпати годишно, за да откриваме нови места секој викенд“, додале тие.
Многу следбеници беа заинтересирани како нивниот дом останува топол и сув во зима, особено за време на бури. Двојката објасни како го решиле и овој предизвик.
„Купивме бели дрвени панели наместо класичните заштитни материјали, за да нема провев. Можете да купите и одвлажнувачи, кои навистина помагаат. Имаме електричен одвлажнувач и оние за еднократна употреба, расфрлани насекаде. Внатре користиме електричен грејач и гасен грејач однадвор. Ретко ни е студено. Доколку имате ремени што ве држат за време на бури и сте добро прицврстени на земјата, безбедни сте“, објасни парот.
Вели дека плус се заштитени со други приколки околу нив.
