Двоен земјотрес во Романија истовремено со потресите во Македонија
Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер со епицентар на територијата на Романија е почувствуван во Видин за неколку секунди.
Потресот е регистриран во 16.22 часот по локално време, според податоците на Европската медитеранска сеизмолошки центар, пишува bulnews.bg.
Епицентарот бил во реонот на Тутеци, Романија, на 1 км западно и на 18 километри јужно од Хундеоара, Романија, и на 208 километри североисточно од Белград, Србија. Утврдено е дека епицентарот бил на 2 километри длабочина.
Во 16 часот од истиот епицентар е регистриран и друг земјотрес на територијата на Романија, со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Нема податоци за нанесени штети.
Слично
