Двете Кореи преговараат против “неизбежната војна”
Високи претставници на Северна и Јужна Кореја денеска ги обновија преговорите во Панминчжон во демилитаризираната зона, со што привремено се оддалечуваат изгледите за неизбежна војна на полуостровот, пренесоа агенциите и американските медиуми.
Делегациите не постигнаа договор при вчерашниот преговарачки маратон, кој продолжил до доцна вечерта. Сеуште не е јасно дали дипломатијата ќе спречи избувнување на конфликт по најсериозната конфронтација со години.
Јужнокорејската армија соопшти денеска дека е забележано невообичаено движење на војници и подморници во Северна Кореја, кои покажуваат дека Пјонгјанг ги засилува своите способности за можен удар.
Околу 70 проценти од вкупно 77-те подморници на Северот ги напуштиле своите бази и се неоткривани за јужнокорејската армија, соопшти службеник од Министерството за одбрана во Сеул. Тој додаде дека Пјонгјанг ги зголемил двојно повеќе артилериските сили долж границата по почетокот на преговорите вчера.
Во преговорите од страна на Јужна Кореја учествуваат министерот за национално обединување Хон Јон-Пју и Ким Кван-џин, советник на претседателот за прашањата на националната безбедност. Од страна на Демократска Народна Република учествуваат Хван Пјон-СП, висок политички офицер на Корејската народна армија и Ким Јан-Гон, висок службеник задолжен за прашањата поврзани со Јужна Кореја. Надворешни аналитичари сметаат Хван е вториот по влијание човек во земјата по лидерот Ким Џонг Ун.
Првиот круг на преговорите започна вчера, малку по истекот на вметнатиот од Северна Кореја краен рок за отстранување на звучниците на границата на кои се емитуваат пропагандни пораки. Пјонгјанг соопшти дека војниците им се во целосна борбена готовност и се подготвени за битка, ако Сеул не попушти.
Експерти, цитирани од ТАСС, сметаат дека страните нема да стигнат наскоро до компромис, бидејќи прашањата се од фундаментално значење за секоја од нив. Пјонгјанг изјавувал дека ја смета пропагандата со звучниците за објава на војна.
За Сеул барањето за демонтажа на звучниците е неприфатливо.
За секоја од страните повлекувањето би значело сериозна загуба на престиж и политички последици, што ниту една од нив не може да си дозволи.
Слично
