Двегодишно дете ја започна епидемијата од која стравува цел свет!
Еболата, која засега уби околу 1.000 лица во Западна Африка, веројатно започнала од двегодишно дете во Гвинеја. Пред осум месеци, детето за кое епидемиолозите веруваат дека е „нултиот пациент“, имало температура, црна столица и зачестено повраќање.
На 6 декември 2013 година, четири дена по појавата на симптомите, детето починало. Научниците не знаат како точно детето се заразило со ебола, но претпоставуваат дека тоа се случило со близок контакт со заразени животни.
„Во Африка, документирани се случаи на инфекција при контакт со заразени шимпанза, горила, лилјаци, мајмуни и антилопи“, тврди Светската здравствена организација, иако научниците веруваат дека главен причинител за ширење на болеста се всушност лилјаците.
Кратко по смртта на двегодишното дете, со исти симптоми починале и неговите мајка, сестра и баба.
Еболата се проширила надвор од тоа село по погребот на бабата, бидејќи луѓето биле во близок контакт со телото на починатата. На тој начин, двајца кои присуствувале на погребот го донеле вирусот во своето село и епидемијата продолжила да се шири, сметаат научниците.
Слично
