Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ЖЕНИ ВО БОРБА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ИМПЕРИЈАТА НА БЕРЛУСКОНИ: Кои се Марина и Марта?

ДВЕ ЖЕНИ ВО БОРБА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ИМПЕРИЈАТА НА БЕРЛУСКОНИ: Кои се Марина и Марта?

Марина Берлускони, ќерката на покојниот Силвио и неговата партнерка Марта Фашина, со текот на времето изградија прилично блиски односи.

Секој понеделник во последните 30 години, Марина и нејзиниот брат Пјер Силвио Берлускони разговараа за бизнис и политика на вечера, заедно со нивниот татко и неговата најблиска придружба во резиденција надвор од Милано.

Сепак, оваа недела немаше таква вечера во вилата Сан Мартино, имот од 18 век, бидејќи италијанскиот магнат и поранешен премиер почина.

Марина, која повеќе од две децении претседава со семејниот холдинг „Фининвест“, вреден 4 милијарди евра, склучи „сојуз“ со 33-годишната партнерка на нејзиниот татко, кој е пратеник во неговата партија Форца Италија.

Двете жени, кои се држеа за раце и беа видно вознемирени за време на државниот погреб на Берлускони во средата, и двете беа редовни на семејните понеделнички вечери.

Марина сега повторно се споменува, но во контекст на „политичкиот наследник“ на Силвио Берлускони. Сепак, некои инсајдерски извори велат дека неодамнешната вмешаност на Марина во политичките дискусии зад сцената била само поттикната од нејзината желба да го „заштити“ својот болен татко. По битката во болница во април, лекарот на Берлускони рече дека тој веќе некое време се борел со леукемија.

Според близок до семејството, поранешниот премиер често барал од Марина да се кандидира за место во парламентот, за на крајот таа да го наследи на чело на партијата.

Инаку, Марта Фашина, 33-годишната партнерка на Силвио Берлускони, беше во првиот ред на миланската катедрала во средата, на 14 јуни, за време на државниот погреб на поранешниот италијански премиер. Деновиве ФТ, повикувајќи се на сигурни извори, пишува дека Марина има „блиски и приврзани односи“ со Фашина, исто така мотивирана да го изолира Силвио од „политичките мршојадци“.

Сигурни луѓе блиски до семејството велат дека Марта Фашина била „апсолутно посветена на Силвио“.

Таа порано работеше како менаџер за односи со јавноста во фудбалскиот клуб Милан, кој до 2017 година беше во сопственост на Силвио Берлускони, а потоа низ партиските редови и со поддршка на Марина полека се искачи на политичкиот врв.

Марина, пак, ги поправила врските со актуелната премиерка Ѓорѓа Мелони, со кого како што се вели, изградила „блиски работни односи“. Се очекува 56-годишната Италијанка да го искористи овој нов контакт за да обезбеди контрола врз медиумската империја на нејзиното семејство, која се протега од телевизија до издаваштво и продукција и се бори во услови на структурни промени во индустријата и зголемена конкуренција од платформите за стриминг.

ФОТО: EPA-EFE/MATTEO CORNER

Слично

Поврзани вести