Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две жени на возраст од 81 година реализираа пат околу светот за 80 дена

Две жени на возраст од 81 година реализираа пат околу светот за 80 дена

Две пријателки од Тексас на 81 година се впуштија во необична авантура.

Ели Хамби, која е фоторепортер и Сенди Хејзелип по професија лекар, успеале да го обиколат светот за 80 дена. Пријателките ја започнале својата авантура на 11-ти јануари. Нивната прва станица било одредиштето кое не го посетиле ни многу поискусни патници. Станува збор за Антарктикот. За да стигнат до најјужниот континент прво било потребно минување на преминот Дрејк, познатите немирни води меѓу најјужната точка на Јужна Америка и Јужните Шетландски острови на Антарктикот. Жените велат дека ова било многу возбудливо. 

„Речиси два дена се лулавме, се лизгавме и спуштавме низ преминот Дрејк и се молевме да преживееме“, наведува Ели Хамби во интервју за „CNN“. 

Доаѓањето на најјужниот континент им донело неверојатно чувство.

„Но, кога стапнавме на површината на Антарктикот, сето тоа го заборавивме. Убавината на Антарктикот е едноставно најверојатна. Гледате пингвини, санти мраз и глечери – беше неверојатно“, вели Ели.

Пријателките посетиле 18 држави на сите седум континенти.  Хејзелип открила дека ја запознала Ели по смртта на нејзиниот сопруг во 1999-та година. Toj ja поттикнал секое лето со внуците да одат на патување. Тоа ја довело до медицинска мисија во Замбија, проект кој го воделе Хамби и нејзиниот сопруг во Јужна Африка. Двете се зближиле затоа што сакале да патуваат и приоритет им било стекнување на нови искуства. По смртта на сопругот на Ели во 2005-та година, тие уште повеќе се зближиле како вдовици, а идејата за пат околу светот настанала пред двете да наполнат 80 години.

Слично

Поврзани вести