Две земји застанаа зад Шпанија по барањата за санкции во НАТО
Италија и Германија во одбрана на Шпанија по барањата за санкции од НАТО.
Двете земји денеска застанаа зад Шпанија по медиумските извештаи за можни американски закани за суспензија на Мадрид од НАТО поради несогласувањата околу војната против Иран.
„Мислам дека НАТО мора да остане обединет. Тоа е нашата сила“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во Никозија, каде што учествува на самит на ЕУ, одговарајќи на новинарско прашање за овие информации.
Медиумите пренесоа извештај на Ројтерс, кој се повикува на интерен електронски документ на Пентагон, во кој суспензијата на Шпанија од Алијансата се наведува како една од опциите што се разгледуваат.
Поддршка за Шпанија изрази и Германија. Портпарол на германската влада изјави дека членството на Шпанија во НАТО не е доведено во прашање. Кажа дека Шпанија е членка на НАТО и не гледа причина тоа да се промени.
Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез се противи на војната што САД и Израел ја водат против Иран од крајот на февруари.
Таквиот став не е по волја на американскиот претседател Доналд Трамп, кој му забележува на Мадрид што одби да дозволи користење на американските воени бази во Андалузија за воздушни напади врз Иран, дури и заканувајќи се со „прекин на секоја трговија“ меѓу двете земји.
foto printskrin youtube
