Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ ВАКЦИНИРАНИ, НО СО ГОЛЕМА РАЗЛИКА - едната блиску до победа над короната, другата оди во локдаун

ДВЕ ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ ВАКЦИНИРАНИ, НО СО ГОЛЕМА РАЗЛИКА - едната блиску до победа над короната, другата оди во локдаун

Бидејќи земјите ширум светот се натпреваруваат да ги вакцинираат своите жители што е можно поскоро, некои успеаја да кренат глава од пандемијата, додека други продолжуваат да се борат. Две земји водат во борбата за брза вакцинација, но додека едната е близу да се врати во нормала, другата повторно потона во локдаун, пишува Блиц.рс.

Тие земји се Израел и Чиле.

Израел во последно време беше под будното око на јавноста, бидејќи оваа земја спроведе најбрза кампања за вакцинација против Ковид-19 во светот. После тоа, забележа голем пад на бројот на заразени, хоспитализирани и мртви.

Од врвот во јануари, кога во еден момент имало 10.000 заразени дневно, дневната статистика за бројот на заразени опаднала за 96 проценти, бројот на критично болни за 90 и бројот на смртни случаи за 85 отсто. Во вторникот, пишува Гардијан, вкупниот број на активни случаи беше приближно половина од бројката од врвот во јануари.

Повеќе од половина од вкупно девет милиони Израелци биле вакцинирани со обете дози, а благодарение на „зелените пропусници“, животот во Израел се вратил речиси целосно во својата предпандемична состојба. Додека остатокот од светот ги гледа со завист, Израелците одат во продавници, хотели, концерти, кина, ресторани, спортски сали, базени и слично.

Сепак, некои ограничувања сè уште се присутни. Маските се носат и надвор, а собирите се ограничени по број. Исто така, успехот на Израел беше во сенка на новата ситуација поврзана со прашањето на невакцинираните.

Сепак, во понеделникот вечерта, професорот Нашунан Еш, шеф на израелскиот штаб за борба против коруната, рече дека Израелците наскоро може да бидат ослободени од носење маски на отворено, можеби следната недела, но дека маските сепак ќе бидат валидни во затворен простор.

„Сакаме да видиме како тече првата фаза, а потоа ќе видиме што следи“, внимателен е Еш.

Како Чиле тргна во погрешна насока?

На другата страна на светот, во Чиле, вакцинацијата беше побрза отколку во која било друга земја на американските континенти. Повеќе од една третина од 18 милиони жители примиле барем една доза на вакцина. Сепак, бројот на заразени скокна толку многу што здравствениот систем на земјата е под притисок, а повторно се воведени строги мерки за карантин.

Според Гардијан, се чини дека програмите за брза вакцинација создадоа лажно чувство на безбедност, што доведе до предвремено олабавување на ограничувањата, а луѓето не се грижеа за ризиците. Чиле ги отвори своите граници во ноември, а во јануари воведе дозволи за чилеанците да одат на летен одмор.

Без строга контрола на луѓето кои влегуваат во земјата и ефикасен систем за следење на контактот со заразените лица, патниците можеби ја донеле инфекцијата со себе кога се вратиле дома, а властите не го следеле тоа.

Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера започна да ја отвора земјата премногу брзо, и покрај противењето на експертите. Во јануари, Чилеанците можеа да патуваат низ целата земја, училиштата беа отворени до март, а од ноември минатата година им беше дозволено влегување на туристи, кои можат да донесат нови видови со себе.

„Јутарњи лист“ известува дека сега мртовечницата во градот Валпараисо е полна и дека бројот на дневни случаи достигнал 8.000, што го надмина врвот од 5.000 како што беше минатиот јуни, кога за прв пат се зголеми бројот на смртни случаи, до над 100 на ден.

Како одговор, Пинера нареди ново затворање, кое опфати околу 80 проценти од населението, вклучително и главниот град Сантијаго.

Со оглед на високото ниво на инфекција во земјата сега, би било потребно да се вакцинираат многу поголем број на население за да се стави пандемијата под контрола, посочува „Гардијан“.

Разликите што можеби преовладуваа на погрешната страна во случајот на Чиле се: различни општества, демографија, евентуално други видови циркулирачки вируси. За Чиле, прашањето за времето може да биде и клучно.

Извор: Блиц,рс

Слично

Поврзани вести