Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две земји се против укинување визи за Русите, Песков се закани дека ќе одговорат соодветно

Две земји се против укинување визи за Русите, Песков се закани дека ќе одговорат соодветно

Германија и Франција се против забраната за издавање визи за ЕУ за сите Руси. 

Од овие две земји велат дека Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да го посетуваат блокот. 

„Иако ја разбираме загриженоста на некои држави членки во овој контекст, не би требало да ја потцениме трансформативната моќ на искуството на животот во демократските системи од прва рака, особено за идните генерации“, се наведува во француско-германскиот документ во кој увид имала агенцијата Reuters.

За ова прашање има големи разлики, некои сметаат дека внатрешниот револт врз Кремљ ќе биде зголемен доколку на Русите навикната да патуваат и да трошат во Европа тоа им биде оневозможено, некои се заинтересирани за губење на приходите од милионите руски туристи, а трети сметаат дека со таквите директни контакти може да се влијае кај руските граѓани да се подигне анимозитет кон претседателот Владимир Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди плановите на ЕУ да ги смета визните ограничувања за руските граѓани како „лудост“ и рече дека Москва ќе одговори доколку тие планови се остварат, пренесува ТАС С.

„Секој потег на Брисел и другите европски престолнини покажува целосен недостаток на секаква смисла“, рече Песков. 

Тој вели дека војната во Украина се одивива според планот. Естонија побара да се укинат визите за руските туристи, затоа што посетата на Европа е привилегија. 

Слично

Поврзани вести