Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ЗЕМЈИ НЕ НИ ПОЧНАЛЕ ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД: За Гебрејесус масовната употреба на трета доза е скандалозна

ДВЕ ЗЕМЈИ НЕ НИ ПОЧНАЛЕ ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД: За Гебрејесус масовната употреба на трета доза е скандалозна

Масовната употреба на трета доза вакцина против коронавирус е скандалозна, вели 

генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. 

Изјави дека е скандалозен фактот што дневниот број на испорачани засилувачки вакцини е шест пати поголем од бројот на луѓе кои примиле прва доза во земјите со ниски приходи. Порача дека ова мора да престане. 

Додава дека нема смисла да се даваат трети дози на здрави луѓе или да се вакцинираат деца кога, истовремено, здравствени работници, повозрасни лица и луѓето од други ранливи групи сè уште ја чекаат својата прва доза. 

Има само две држави во светот кои се уште не започнале со вакцинација – Еритреја и Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести