Две земји ќе донираат екстремно мали дронови за Украина
Норвешка и Велика Британија ќе донираат микро дронови за Украина.
Микро дроновите се мали - 16 х 2,5 сантиметри, но се многу корисни за извидување и идентификација на целта. Беспилотните летала Black Hornet развиени од Норвешка од производителот Teledyne FLIR вредат до 9,25 милиони долари. Пакетот вклучува единици Black Hornet, резервни делови, транспорт и обука. Оваа опрема ќе ја плати фонд предводен од Британија во кој придонесе и Норвешка. Украина побарала ваква помош. Откако почна инвазијата пред 6 месеци, повеќе земји, САД, Франција, Германија и други донираа воена опрема и оружје за Украина.
Слично
