Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две земји ги протеруваат руските амбасадори

Две земји ги протеруваат руските амбасадори

Две држави ги протеруваат руските амбасадори. 

Естонија, а потоа и Летонија, кои се членки на НАТО и ЕУ, побараа од руските амбасадори во нивните земји да си одат, откако Москва нареди естонскиот амбасадор да си замине и ги намали дипломатските односи со Естонија. Руските власти него го обвинија за „тотална русофобија“. Естонскиот амбасадор во Русија, Маркус Лаидре треба да ја напушти земјата до 7 февруари.

Тензиите меѓу Русија и нејзините европски соседи се зголемија откако Москва ја нападна Украина  лани на 24 февруари. Естонија неодамна нареди да се намали бројот на вработени во руската амбасада во Талин, од 17 на осум луѓе до крајот на јануари.

„Ние стоиме на принципот на паритет во односите со Русија“, објави естонското Министерство за надворешни работи.

Инаку, Русија се закануваше на многу држави затоа што ја поддржуваат Украина. 

foto freepik.com/fabricasimf

Слично

Поврзани вести