Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ВЕРЗИИ КАКО Е АКТИВИРАН ЕКСПЛОЗИВОТ ВО ИСТАНБУЛ: Жената 40 минути седела на клупата

ДВЕ ВЕРЗИИ КАКО Е АКТИВИРАН ЕКСПЛОЗИВОТ ВО ИСТАНБУЛ: Жената 40 минути седела на клупата

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг ги презентираше деталите за експлозијата во Истанбул, во која беа загинаа шест луѓе, а се повредени повеќе од 80 лица.

Тој ги потврди шпекулациите дека за експлозијата е одговорна жена со црн шал, која носела торба во раката.

- Жената седеше на една од клупите повеќе од 40 минути, а потоа стана. Експлозијата се случила две минути по нејзиното заминување. Постојат две можности. Или имало механизам во чантата што ја активирал бомбата, па таа сама експлодирала, или некој ја активирал бомбата од одредена далечина - изјави министерот за правда Бекир Боздаг, пренесоа турските медиуми.

Боздаг додаде дека во моментов се испитуваат сите податоци за нејзиното движење за да се утврди нејзиниот идентитет.

– Сите бараат какви било информации за организаторот на нападот и идентитетот на жената која ја носела бомбата – изјави Боздаг.

На видеото кое се појави на Твитер може да се види моментот кога експлодирала торба која била оставена покрај клупа. Луѓето масовно минуваа покрај неа, не обрнувајќи внимание, додека таа не „летна во воздух“, по што може да се забележат луѓето како бегаат со неверување и трчаат што подалеку од местото на експлозијата.

EPA-EFE/STR

Слично

Поврзани вести